Еден од главните организаторите на терористичките напади во САД, на 11-ти септември 2001. година Калид Шеик Мохамед, обвини дека владата на САД убила многу повеќе луѓе од извршителите на нападите пред 11 години.
Во обраќањето пред воена комисија во американската воена база во Гвантанамо, Куба, тој изјави дека САД се одговорни за убиствата на милиони луѓе ширум светот.
Тој ја обвини Америка дека ја користи дефиницијата за национална безбедност, како што диктаторите ги користат законите за да ги оправдаат своите дела.
„Луѓето се убиваат во името на националната безбедност, ги мачат, ги држат во притвор, па дури и малолетни деца завршуваат во притвор во име на националната безбедност“, рече Калид Шеик Мохамед и додаде „Вашата крв не е од злато, а нашата од вода, сите ние сме луѓе“.
Мохамед заедно со уште четири лица е обвинет за организација и помагање на терористичките напади на 11-ти септемри 2001. година. Доколку бидат обвинети им се заканува смрттна казна.