САД: Уапсен студент кој се заканувал на Фејсбук дека ќе изврши голем терористички напад

Од:

Американската полиција уапси студент на универзитет во државата Масачусетс, кој на својот профил на Фејсбук се заканил дека ќе изврши голем терористички напад.

18-годишниот Камерон Дамброзио напишал дека „може да убие повеќе луѓе отколку што имало жртви при нападот во Бостон“.

– Ние сериозно им пристапуваме на ваквите пораки на социјалните мрежи. Уапсениот е веќе обвинет за терористичка закана, изјави портпаролот на полицијата во Масачусетс, Џоузеф Соломон.

Тој додаде дека во домот на Дамброзио е извршен претрес и бил конфискуван неговиот компјутер.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа