САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја изрази својата поддршка за декриминализацијата на марихуаната, велејќи дека парите на даночните обврзници не треба да се трошат за апсење на луѓе кои ја поседуваат за „лична употреба“.

„Во Флорида, како и многу други држави кои веќе ја одобриле, личната марихуана ќе биде легализирана за возрасни. Тоа ќе зависи од гласачите, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не“, рече Трамп во неговата родна држава, поддржувајќи ја легализацијата на поседувањето и купување до 85 грама марихуана за возрасни лица, постари од 21 година, пренесува Ројтерс.

Сепак, републиканскиот претседателски кандидат рече дека законодавците треба да донесат закони за забрана на употреба на марихуана на јавни места и додаде дека не е во ред некој да се третира како криминалец за поседување марихуана во една држава, а не и во друга држава.

Би можело да ве интересира

Америка се соочува со целосна парализа неколку дена пред Божиќ

Катерина Ѓуровски

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Мелони: Трамп не е наш непријател

Трамп го критикуваше Бајден дека „ја крие вистината за беспилотните летала“

Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Нунес е новиот шеф на Советодавниот одбор за разузнавање на претседателот на САД