САД: Судбината на Мубарак е внатрешно прашање на Египет, Морси треба да биде ослободен

Од:

САД соопштија дека судбината на ослободениот од затвор поранешен египетски претседател Хосни Мубарак е внатрешно прашање на Египет и оти неговиот наследник Мохамед Морси кој беше соборен од власта, треба да биде пуштен на слобода.

– Што се однесува до процесот на Мубарак, одамна укажавме дека тоа е внатрешно-египетско правно прашање, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.
Според неа, во случајот со Морси, „ставот е ист – сметаме дека треба да има процедура за негово ослободување“.

– Често пати сме изразувале несогласување од произволни апсења. За да има процес на обединување во Египет, сметаме дека во него треба да учествуваат сите страни, нагласи таа.

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран