САД се против референдум за независност на ирачките Курди во септември

Од:

Специјалниот пратеник на САД во коалицијата за борба против Исламска држава Брет Макгрек изјави дека организирањето референдум за независност на ирачкиот автономен регион Курдистан во септември би било „значително дестабилизирање“, јави ДПА.

Макгрек посочи дека САД јасно го изразиле својот став за референдумот на повеќе средби, меѓу кои и средбата на коалциските партнери оваа недела во Стејт департментот.

– Сметаме дека не треба да има референдум во септември, изјави тој на прес-конференција.

Високиот советник на претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Барзани објави во јуни дека на 25 септември ќе се одржи референдум за независност на Ирак.

Согласно ирачкиот Устав сепак треба да има процес на дијалог, додаде Макгрек.

– Организирањето референдум за толку кус рок, особено во спорните региони, според над би значело дополнително дестабилизирање, рече тој.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот