САД се подготвени да ја држат Русија подалеку од Артикот

Од:

САД се подготвени да ја држат Русија подалеку од Артикот, изјави шефот на силите на САД во Европа, генерал Куртис Скапароти.

„Во моментов по отворена е рутата на Северното Море, постојат комерцијални и ресурсни интереси, а тоа создава конкуренција”, рече американскиот генерал пред Комитетот на Сенатот задолжен за вооружување.

Скапароти на сенаторите им посочи дека Русија веќе ги зајакнала своите одбрамбени капацитети, како и дека во областа има поставено голем број на многу напредни радарски системи.

„Како резултат на тоа, и ние го обновуваме нашиот план. Моравме да го промениме планот за распоредување на нашите сили, и да ги промениме нашите операции со цел да се испрати јасна порака дека Арктикот за нас е многу важен”, рече Скапароти.

„Спутник“, кој ја пренесе неговата изјава дадена пред Сенатот, во написот потсетува дека Скапароти неодамна изјавил дека можноста за конфликт меѓу САД и Русија околу Артикот сега е мала, но истовремено нагласил и дека Русија значително ги зголемила предноста и операциите, а нејзините воени бази кои се поставени на Артикот служат за зајакнување на руската позиција.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски