САД сакаат да му испратат на Киев оружје забрането во 120 земји, реагира Хјуман рајтс воч

Од:

„Њу Јорк тајмс“ денеска објави дека САД планираат да ja снабдат Украина со касетна муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји бидејќи може неселективно да предизвика смрт на голема површина.

Оружјето, кое првпат беше употребено за време на Втората светска војна, обично ослободува голем број мали бомби и е познато по голем број цивилни жртви.

Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч денеска објави извештај во кој се наведува дека и руските и украинските сили користеле касетна муниција што предизвикала смрт и сериозни повреди на цивили.

„Касетната муниција што ја користат Русија и Украина предизвикува цивилни смртни случаи. Двете страни треба веднаш да престанат да ги користат и да не се обидуваат да набават повеќе од овие неселективно оружје“, рече Мери Варехам од Хјуман рајтс воч.

Украина неодамна ги повика членовите на Конгресот да извршат притисок врз администрацијата на претседателот Џо Бајден да одобри испраќање конвенционална муниција со двојна намена.

„Испраќањето на тоа оружје неизбежно ќе предизвика долгорочно цивилно страдање и ќе ја поткопа меѓународната осуда за нивната употреба“, соопшти организацијата.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море