САД распоредуваат војници на аеродромот во Кабул за евакуација на дел од дипломатите

Од:

САД ќе распоредат војници на аеродромот во Кабул за безбедност при евакуација на дел од американскиот дипломатски персонал од Авганистан, соопшти денеска Стејт департментот.

Во исто време, Вашингтон ќе ја забрза евакуацијата на преведувачите и другите Авганистанци кои и помогнаа на американската војска, на кои им се заканува репресија од талибанците, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

– Амбасадата останува отворена, ова не е целосна евакуација, рече Прајс, потсетувајќи дека САД започнаа со повлекување на дел од својот дипломатски персонал во април, кога претседателот Џо Бајден објави дека странските војници ќе се повлечат од Авганистан пред крајот на летото

– Интензивирањето на воената офанзива на талибанците и насилството и нестабилноста што ја придружува е причина за сериозна загриженост. Во овој поглед, ние дополнително го ограничуваме присуството на американски цивили во Кабул, земајќи ја предвид безбедносната ситуација. За да се олесни евакуацијата, Министерството за одбрана привремено ќе распореди дополнителни војници на меѓународниот аеродром во Кабул, нагласи портпаролот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија