САД продолжуваат со помош за Египет

Од:

Американската администрација не сака да ја прогласи промената на власта во Египет за државен удар и може да продолжи на државата да и дава воена и стопанска помош.

Според неофицијални лица од Вашингтон заменикот на државаниот секретар, Вилијам Бернс имал состанок со група сенатори на кој бил изнесен ставот дека САД може да продолжат да даваат помош, во вредност од 1,5 милијарди долари годишно.

Состанокот се одржал само еден ден, откако администрацијата на претседателот Барак Обама одлучи да ја одложи испораката на четири борбени авиони од видот Ф-16.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации