САД понудија награда за информација за лидерите на терористичките организации во западна Африка

Од:

САД за прв пат понудија награда за информација за местото на престој на лидерите на четири западноафрикански терористички групи, пренесоа американските медиуми.

Стејт департментот во понеделникот соопшти дека нуди вкупно 23 милиони долари за сведоштва што ќе откријат каде се наоѓаат лидерите на „Ал Каеда во исламски Магреб“,

„Движењето за единство и џихад во западна Африка“, „Боко Харам“ и „Потпишаните со крв“.

Најголема е понудената награда за лидерот на „Боко Харам“, групата стационирана во Нигерија, која е одговорна за голем број напади во земјата, вклучувајќи го и бомбашкиот атентат врз зградата на ОН во Абуџа во 2011 година во кој бра убиени најмалку 23 лица, а 80 беа ранети.

Маградата ќе биде во висина од седум милиони долари.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес