САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина

Од:

САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во вредност до 400 милиони долари, изјавија денеска двајца анонимни функционери за Ројтерс, додавајќи дека објавата се очекува во текот на денот.

Ова е прв ваков потег по неколку месеци, додека дополнителните средства за Киев се блокирани во Конгресот од републиканските лидери

Финансирањето за новиот пакет воена помош доаѓа од заемите што му се вратени на Пентагон за најновите набавки.

Претседателот Џо Бајден ја поддржува Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека неговиот најверојатен ривал на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, има поизолационистички став.

Претставничкиот дом е под притисок да одобри пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Индо-Пацификот. И додека Сенатот даде зелено светло, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се спротивставува на ставање на законот на гласање.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он