САД подготвени за дијалог со Северна Кореја

Од:

САД се подготвени за дијалог со Северна Кореја, но само доколку Пјонгјанг ги прекине сите ракетни и нуклеарни тестирања, изјави синоќа постојаниот претставник на Вашингтон во Обединетите нации, Ники Хејли.

Советот за безбедност на Обединетите нации го разгледува предлогот за воведување санкции на Северна Кореја.

– Подготвени сме да разговараме, но само откако ќе видиме целосен прекин на нуклеарниот процес и сите тестирања, рече Хејли во пресрет на седницата на СБ

Според неа, додека не се случи тоа, САД планираат да ги продолжат заедничките вежби со Јужна Кореја и да ја поддржуваат Јапонија.

Таа додаде дека САД и Кина, единствениот дипломатски сојузник на Северна Кореја работат на нова резолуција на СБ на ОН за санкции на Пјонгјанг.

– Тоа е она на кое сега работиме, додаде таа и напомена дека резолуцијата се уште не е донесена.

Северна Кореја потврди во неделата дека тестирала нов вид ракета, наведувајќи дека во прашње е стратешка балистичка ракета „Хвасонг-12“ со среден до голем дострел.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски