САД побараа укинување на вонредната состојба во Тајланд

Од:

Американскиот помошник државен секретар за источна Азија и Пацификот, Даниел Расел денеска во Бангок побара воената хунта да ја укине вонредната состојба во Тајланд, воведена по државниот удар од 22 мај минатата година.

Расел, кој е прв висок претставник на САД што го посети Тајланд по воениот удар, имаше состанок со тајландскиот министер за надворешни работи Танасак Патимапрагорн.

Расел одбил средба со сегашниот премиер на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока, поради начинот на кој водачот на воениот преврат дошол на власт во Тајланд.

Високиот американски дипломат го пренесе ставот на Вашингтон, според кој, импичментот против последната премиерка Јинглук Шинаватра бил политички процес.

По минатогодишниот воен удар САД, како и поголем број европски држави и Австралија, ја замрзнаа политичката и воената соработка со Тајланд.

Сегашниот премиер, генералот Прајут, самиот потврди дека Расел одбил средба со него, но искоментира дека САД треба да не ги мешаат политичките со економските односи.

Средба, дури и формален поздрав со генералот Прајут Кан-ока одби и претседателот на САД, Барак Обама за време на два самити кон крајот на минатата година на кои и двајцата беа присутни.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија