САД планираат во април да го обноват стратешкиот дијалог со Ирак

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Вашингтон планира стратешкиот дијалог со Ирак да се обнови во април.

Таа смета дека ова е важна можност да се разговара за заедничките интереси на двете земји во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, пренесува агенцијата Анадолија.

-Очекуваме во април да го обновиме нашиот стратешки дијалог со ирачката Влада. Ова ќе биде важна можност да разговараме за нашите заеднички интереси во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, рече Псаки.

Според неа,треба да се разговара и дека единствената цел на коалициските сили во Ирак е обуката и советувањето на ирачките сили со цел да се спречи обновување на вооружената организација Исламска држава.

-САД се посветени на суверенитетот на Ирак. Со нетрпение очекуваме важни разговори со ирачките лидери за нашето идно партнерство, како што е утврдено во Стратешкиот рамковен договор меѓу двете земји, додаде Псаки.

Претходно, Ирак испрати официјално барање до администрацијата на претседателот Џо Бајден за утврдување датум за продолжување на стратешките разговори за билатералните односи меѓу двете земји и повлекување на преостанатите американски борбени сили.

Тројца ирачки владини претставници, кои сакаа да останат анонимни, потврдија дека Ирак неодамна испратил официјално писмо до САД, во кое се бара нова рунда разговори за билатералните односи, особено за повлекувањето на преостанатите борбени сили и дека Багдад се надева на дебата во април.

Продолжувањето на разговорите, што почнаа во јуни минатата година, за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе биде прво за администрацијата на Џо Бајден.

Американските медиуми пренесуваат дека и ирачките и американските официјални лица наведуваат дека во принцип го поддржуваат планираното повлекување на американските сили од Ирак.

Според Пентагон, бројот на американски војници во Ирак во последните неколку месеци е намален на околу 2.500.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија