САД планираат да го повлечат персоналот од Амбасадата во Хавана

Од:

Како одговор на се уште не разјаснетите инциденти, во кои беше нарушена здравствената состојба на некои американски дипломати во Куба, САД прават план за намалување на персоналот во Амбасадата во Хавана.

Анонимен извор, наведе дека планот на Стејт департментот, чија изработка е при крај и се очекува да биде биде објавен во текот на наредните денови, предвидува повлекување на дел од вработените кои не се од клучно значење, како и семејствата на дипломатите.

Меѓутоа, неизвесно е дали повлекувањето ќе биде доброволно или присилно.

Пред одреден период, најмалку 21 дипломат на САД и припадници на нивните семејства почувствувале различни симптоми како резултат на „напад врз нивното здравје“.

Кај некои беа дијагностицирани полесни мозочни оштетување, а кај други трајна загуба на слухот.

Американските истражувачи го водат случајот како „напади извршени со некаков вид на звучна направа“, но не можат да утврдат што е причината за „акустичниот напад“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија