САД планираат да ги извадат бомбите што ги испуштија во Големиот корален гребен

Од:

Американската флота планира да ги извади четирите бомби кои американските борбени авиони за време на воени вежби минатата седмица ги испуштија во Големиот корален гребен, североисточно од Австралија.

Портпаролот на Седмата американска флота, морнаричкиот капетан Дејвид Леви изјави дека Морнарицата сака да ги извади четирите бомби за што мора да биде постигната и согласност со австралиските власти.

– Доколку биде постигната согласност со австралиските власти и со управата на Големиот корален гребен, операцијата ќе биде извршена координирано, рече Леви. Тој не прецизира дали бомбите нанеле штета на гребенот, односно дали негативно ќе делуваат на квалитетот на морето.

Два борбени авиони од типот „АВ-8Б Хариер“, кои полетаа од носач на авиони, испуштија четири бомби на најголемиот светски гребен во Коралното море во близина на брегот на Квинсленд, на североистокот на Австралија.

Австралиската сенаторка Лариса Вотерс го опиша исфрлањето на бомбите во толку чувствителна зона како „скандалозно“.

– Дали тие сосема полудеа? Дали вака се однесуваме кон светското наследство. Дозволуваме странска сила да не бомбардира? Како можеме во исто време да чуваме нешто и да го бомбардираме, рече таа.

Големиот корален гребен, кој е на листата за светско наследство на УНЕСКО, претставува најголема мрежа на корални структури, богат е со морски живот и се протега на 2.600 километри долж брегот на Австралија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски