САД: Петиција за помилување на Едвард Сноудeн

Од:

Над 5.700 лица се потпишаа во САД на петицијата за помилување на Едвард Сноудeн, кој откри детали за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата од американската Агенција за национална безбедност.

Петицијата е објавена на веб сајтот на Белата куќа. Ако за еден месец бидат соберени 100 илјади потписи, американските власти ќе треба официјално да го разгледаат барањето.

Против Сноудeн, кој е поранешен соработник во техничкиот оддел на ЦИА, засега не се покренати никакви обвиненија.

Белата куќа потврди дека по објавувањето на информациите е почната истрага. Американските власти вршат проценка на штетите што Сноудин можел да ги нанесе на националната безбедност на САД.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел