Пет лица се повредени при контролирано рушење на напуштена електрана во Бајкерсфилд, во Калифорнија.
Локалната полиција во своето соопштение наведе дека еден четириесет и тригодишник ја изгубил ногата во текот на експлозијата.
Лиланд Дејвис, од противпожарната бригада, изјави дека најмалку 1.000 лица се собрале за да го гледаат рушењето на зградата.
Според неговите зборови уште четири лица се здобиле со полесни повреди, поради што им била укажана помош на местото на настанот, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска