САД: Патниците од Боингот што се урна во Сан Франциско не биле веднаш евакуирани

Од:

На патниците на „Боинг 777“, што се урна во Сан Франциско, најпрвин им било кажано да не се евакуираат од леталото во пламен, изјави федерален претставник од САД.

Дури кога стјуардесата го забележала пожарот надвор од авионот почнала евакуација, 90 секунди по падот, изјави претседателот на Националниот одбор за сообраќајна безбедност Дебра Херсман.

Првото спасувачко возило дошло 30 секунди по почетокот на евакуацијата. Во падот на авионот „Боинг 777“ загинаа две лица, а над 180 се повредени.

Херсман додаде дека итната евакуација по падот не е секогаш стандардна процедура. Сепак, според правилото, сите патници би требало да бидат евакуирани од авионот во рок од 90 секунди од несреќата.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран