Еден Пакистанец е прогласен за виновен за учество во завера на Ал Каеда да изврши напад на метро во Њујорк и мети во Европа, пренесуваат американските медиуми.
Како што објави „Асошиејтед прес“ поротата ја донела одлука на судењето во Њујорк, на кое обвинетиот Абид Насир (28) сам се застапувал.
Обвинителството навело дека Насир планирал да изведе бомбашки напад во еден трговски центар во Манчестер во Велика Британија во 2009 година, меѓутоа британскиот суд утврдил дека немаат доволно докази, па американските обвинители подоцна го обвиниле за завера за бомбашки напад во њујоршко метро.
Доказната постапка покажала дека Насир комуницирал со Ал Каеда, користејќи женски имиња како шифра за експлозивите.
Тој на судењето изјавил дека неговите меилови биле неповрзана приказна за неговата потрага по потенцијална невеста, а не доказ за тероризам.
Е.Г.