САД одобри нов пакет воена помош за Киев во вредност од 150 милиони долари

Од:

САД денеска одобрија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари, кој вклучува противвоздушно и артилериско оружје и опрема, објави Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Русија започнала војна со Украина и може да ја прекине во секое време со повлекување на своите сили, но дека додека Москва не го стори тоа, САД и коалициските партнери ќе продолжат да му даваат помош на Киев.

САД досега ја испратија најголемата воена и финансиска помош за Украина, вредна речиси 44 милијарди долари, по инвазијата на Русија на крајот на февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина