САД објавија нови правила за електронско шпионирање на странците

Од:

САД денеска објавија нови правила, кои го ограничуваат шпионирањето на странските државјани, пренесе ДПА.

Со овие нови правила администрацијата на претседателот Барак Обама ја засилува контролата врз ФБИ, ЦИА и другите специјализирани служби при користењето Интернет и телефонски комуникации на странските државјани, пресретнати од американската Агенција за национална безбедност (НСА), додаваат американските медиуми.

Со ова администрацијата на Обама се обидува да одговори на загриженоста и незадоволството од серијата скандали со прислушување и шпионирање на електронските контакти на многу странски државјани, па дури и лидери на држави.

Новите правила беа објавени од канцеларијата на директорот на националното разузнавање. Тие се последната од серијата промени, преземени од американските власти по откритијата на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, кој објави илјадници доверливи американски документи и откри програми за следење.

Новата методика на спецслужбите им дозволува да ги користат собраните податоци преку радиоелектронско разузнавање во шест специфични случаи: потрага по странски шпиони, контратероризам, мерки против ширењето на нуклеарното оружје, кибер безбедноста, дејствија против заканите кон американски или сојузнички вооружени сили или службеници, борбата со транснационалниот органиизран криминал. Правилата налагаат добиената информација за странците да се објави по  пет години доколку нема врска со потребите на разузнавањето и доколку директорот на националното разузнавање официјално не побара продолжување на рокот за нејзино чување.

– Нашата разузнавачка активност треба да се сообразува со фактот дека секоја личност има законски лични интереси и права на интимност, кои треба да се земат предвид при поседување информации за неа, подвлече Лиза Монако, советничка на претседателот Обама за прашањата на контратероризмот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија