САД: Нема докази за хемиско оружје

Од:

Стејт департментот соопшти дека за сега САД не се во можност да кажат дека во Сирија во среда било користено хемиско оружје.

-Во овој момент, не сме во можност да тврдиме дека е употребено хемиско оружје, рече претставничката на Стејт департментот, Џенифер Псаки и додаде дека претседателот Барак Обама, наредил што поскоро да се соберат потребните информации.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја повика владата на Сирија, да му дозволи на тимот на ОН кој од минатата недела е во Дамаск, да го истражи тврдењето на опозицијата за нападот со хемиско оружје во кој загинаа повеќе од 100 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран