САД не се под закана на втор бран на пандемијата, вели Белата Куќа

Од:

Економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Лери Кадлоу, изјави дека САД не се загрозени од втор бран на пандемијата на коронавирусот, иако постојат некои нови жаришта во сојузните држави, како Флорида, на пример.

Британските медиуми, пренесувајќи го Кадлоу, додаваат дека е малку веројатно дека ќе има затворања низ целата земја.

„Има неколку жаришта. Ние работиме на тоа. Знаеме како да се справиме со ова, минавме долг пат од минатата зима,“ рече Кадлоу за Си-Ен-Би-Си.

САД се земја која е најтешко погодена од пандемијата на коронавирусот во светот, со повеќе од 2,3 милиони заразени и 122.259 мртви, се наведува на сајтот „Worldometers“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија