САД нарачаа милиони дози вакцина против Ковид-19 за мали деца, соопштија претставници на Белата куќа

Од:

САД нарачаа милиони дози вакцина против Ковид-19 за мали деца, во очекување на можната федерална дозвола за вакцинација меѓу групата, која може да биде издадена следната недела, соопшти Белата куќа.

Минатата недела администрацијата на претседателот Џо Бајден им дозволи на аптеките и државите да започнат со порачки. Првично, Фајзер и Модерна имаа околу 2,5 милиони дози на располагање. Оваа недела веќе се нарачани околу 1,45 милиони од 2,4 милиони дози вакцини на Фајзер и 850.000 од Модерна.

Во САД има околу 20 милиони деца помлади од 5 години, што е последната група Американци за кои не е издадена препорака за вакцинација. Следната недела Владата ќе разговара за можноста за нивно вклучување во кампањата за вакцинација. Се очекуваат повеќе нарачки во наредните денови, но нивната големина се уште е нејасна.

Невозможно е да се каже колку ќе биде популарна кампањата. Една неодамнешна студија покажа дека само еден од пет родители на мали деца ќе ги вакцинира, јавија американски медиуми.

Дополнително, здравствените власти се разочарани од малиот број вакцинирани деца на возраст над 5 години – помалку од една третина од оваа возрасна група, што ги исполнува условите со месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија