Мајорот во американската армија Нидал Хасан е прогласен за виновен и му се заканува смртна казна, поради обвинение за убиство на 13 војници и офицери во базата Форт Худ, во Тексас во 2009 година.
Хасан би можело да биде прв припадник на армијата на САД, кој би бил осуден на смртна казна во последниот половина век.
Тринаесет члената порота, составена од високи воени лица, едногласно го прогласи за виновен за убиство на 13 и повредување на 31 воено лице.
Поротата треба да се изјасни на кој начин ќе биде извршена смртната казна, со вбризгување инјекција или со доживотна робија.
Американскиот муслиман од Вирџинија, во текот на судската постапка се застапуваше сам, главно без учество во процесот.
На почетокот на судењето тој призна дека припаѓа на муџахединското движење и дека со нападот сакал да ги заштити исламските и талибански лидери во Авганистан и Ирак.
Последна смртна казна, која над свој припадник ја спроведе американската војска е извршена во 1961 година, кога е обесен Џон Бенет, поради силување и обид за убиство на единаесет годишно девојче од Австрија.
Елена Георгиевска