САД ќе соработуваат со други држави за да ги откријат џихадистите

Од:

САД објавија дека ќе испратат седумдесет државни адвокати во четиринаесет држави на Балкан, Блискиот исток и северна Африка, за да помогнат во истрага и да ги изведат пред лицето на правдата странските терористички борци од Сирија.

– Со поддршка на одделот за борба против тероризмот при Стејт Департментот, Министерството за правда именува сојузни државни адвокати и високи советници за заштита на законитостите во клучните подрачја, кои треба да соработуваат со државите кои сакаат да ја подобрат својата способност за спроведување истрага и изведување на терористите пред суд – рече американскиот министер за правосудство Ерик Холдер.

Тој додаде дека соработката ќе се одвива на размена на информации, истрага, судски прогони и борба со насилниот екстремизам и дека тие адвокати ќе работат во Албанија, БиХ, Хрватска, Косово и Србија и во неименувани држави во северна Африка, Блискиот исток „од Алжир и Мароко до запад на Африка“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски