Владата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да побара од Куба да намали 60 отсто од својот персонал во амбасадата во Вашингтон.
САД минатата недела одлучија да го намалат бројот на своите вработени во Амбасадата во Хавана со ист процент. Одлуката беше донесена како одговор на мистериозните напади врз американските државни службеници во Куба, што влијаеше на нивниот слух, рамнотежа и вид.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори од Владата на САД, информираат дека целта на овој потег не е да се казни Куба, туку да се гарантира дека двете страни имаат реципрочен број дипломати.