САД ќе обезбедува разузнавачки информации за Украина за ракетни напади врз Русија

Од:

САД ќе ѝ обезбедат на Украина клучни разузнавачки информации за лансирање ракетни напади со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура, потврдија американските претставници, пишува WSJ. Одлуката доаѓа во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува да испрати уште помоќно оружје во Киев, што би ставило значително повеќе цели во Русија во дострел на украинските сили.

Според американските претставници, претседателот Трамп неодамна им даде зелено светло на разузнавачките агенции и на Пентагон да му помогнат на Киев да планира и извршува напади. Дополнително, Вашингтон активно ги охрабрува сојузниците на НАТО да обезбедат слична поддршка на Украина.

Проширеното споделување разузнавачки информации со Киев е најновиот знак за продлабочување на поддршката на САД за Украина. Овој потег доаѓа откако напорите за започнување мировни преговори заглавија, што укажува на промена во пристапот на администрацијата на Трамп кон конфликтот.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води