САД ќе ја скратат воената помош за Ирак доколку Багдад инсистира на повлекување на американските војници

Од:

САД планираат да ја скратат воената помош за Ирак доколу оваа земја донесе одлука за протерување на американските војници од неа, јави „Вол Стрит Џорнал”.

Весникот се повикува на електронска преписка меѓу американски официјални лица, според кои, администрацијата на Доналд Трамп подготвува кастрење на воената помош за Ирак за 250 милиони долари доколку Багдад ги протера американските војници.

Весникот подвлекува дека помошта веќе е одобрена од Конгресот. Паралелно со тоа администрацијата ја разгледува можноста за кастрење и на друга економска и воена помош, но конечата одлука се уште не е донесена.

По зголемувањето на тензиите, поврзани со убиството на генерал Касем Сулејмани и иранскиот ракетен напад врз американските воени бази во Ирак, ирачкиот Парламент изгласа предлог за повлекување на американските војници од нивната земја.

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изјави дека САД не планираат да го напуштат Ирак.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија