САД ќе изградат повеќе од 110 воени објекти во Полска

Од:

– Американскиот амбасадор во Варшава, Марек Бжежински најави дека САД во следните десет години ќе изградат повеќе од 110 воени објекти во Полска.

Во Повиџа, каде е стациониран американски баталјон, денеска почна изградбата на складиште за оружје.

– Денешната церемонија на поставување на камен-темелник е само една од осумте објекти што ќе бидат изградени ова лето. Повеќе од 110 такви објекти се планирани за следните 10 години. Сето ова значително ќе ја подобри нашата воена готовност. Тоа ќе бидат објекти како што се центри за обука, мензи, касарни и други објекти, наведе Бжежински.

Вкупно 12.000 американски војници се стационирани во Полска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух