САД ја разгледуваат противракетната одбрана за Јужна Кореја

Од:

САД одржуваат консултации со Јужна Кореја за противракетната одбрана (ПРО) за заштита од Северна Кореја, потврди во интервју за Си-Би-Ес американскиот претседател Барак Обама, јави ТАСС.

– Консултациите имат предвид изградба дополнителен потенцијал за ПРО, за да биде спречена секоја можност за Северна Кореја да достигне објекти или населени места во САД, рече Обама, одговарајќи на прашање во однос на новото ракетно истрелување на Понгјанг.

Обама рече оти не бил изненаден од дејствијата на Пјонгјанг.

– Тоа е авторитарен режим, кој дејствува провокативно, ги нарушува резолуциите на СБ на ОН, произведува и тестира нуклеарно оружје, а сега се обидува да ги подобри системите за истрелување ракети, рече Обама.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот