САД ја разгледува можноста за нови санкции

Од:

Конгресот на САД ја разгледува можноста за воведување на нови санкции за Иран, кои би опфатиле широки мерки во секторите од рударство и градежништво па се до нафтена индустрија.

Американски официјални лица за „Асошиејтед прес“ изјавија дека администрацијата на претседателот Барак Обама е загрижена дека таквите мерки би можеле да ги попречат преговорите за иранската нуклеарна програма.

Одложувањето на усвојување на законот за санкции и дава на администрацијата на Обама време да процени дали новоизбраниот претседател Хасан Рухани, е сериозен кога се во прашање нуклеарните преговори и давање на некои отстапки.

САД и другите западни држави веруваат дека иранскиот нуклеарен програм е наменет исклучиво за производство на оружје, додека Техеран инсистира дека се користи исклучиво за производство на енергија и истражувања.

Новите санкции би ги погодиле рударскиот и градежниот сектор, за кои се верува дека се поврзани со иранската Револуционерна гарда, како и нафтената индустрија, која се смета за најголем извор на приходи за нуклеарната програма.

-Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, законот за санкции би можел да го усвои пред распуштање во август, додека гласањето во Сенатот не се очекува пред септември, изјави претседателот на сенатскиот Одбор за надворешни работи, сенаторот Боб Менендез.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Ахбар Салехи, минатата недела изјави дека Техеран ќе биде подготвен да продолжи со преговорите кога Рухани ќе го состави преговарачкиот тим.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак