САД ја обновија воената помош за Египет

Од:

Официјален Вашингтон одлучи да ја обнови вонета помош за Египет,што беше суспендирана во јули минатата година,откако беше тргнат од функцијата избраниот,исламистички претседател Мохамед Морси.

Обновата на американската воена помош,доаѓа во време кога државниот секретар Џон Кери се наоѓа во ненајавена посета на Египет,како дел од неговата нова блискоисточна турнеја. Во Каиро,Кери се сретна и разговараше со својот египетски колега,но главните политички разговори ги имаше со новиот претседател на Египет,Абдул Фатах ал Сиси.

По разговорите со египетскиот претседател,Кери ја истакна заложбата на САД за обезбедувањето еднакви права за сите во земјата.Ал Сиси кој од неодамна е на претседателската функција,при својата инаугурација ја истакна цврстата решеност да се врати стабилноста во земјата и да се скрши тероризмот кој останува закана за Египет,по соборувањето на Мохамед Морси и престемтката на властите со исламистите и Муслиманското братство.

Стејт департментот денеска соопшти дека блокадата на воената помош е тргната уште пред десет денови,кога Белата Куќа за тоа доби „зелено светло“ од Конгресот на САД. Египет годишно добива по 1,5 милијарди долари воена помош,што главно се користи за плаќање на склучените договори за воена опрема и оружје.

САД ветија дека ќе ги испорачаат и десете борбени хеликоптери „Апачи“ за потребите на египетските армиски сили во нивната борба со исламистите и терористите кои дејствуваат на Синајскиот Полуостров.

„Апачите“ ќе пристигнат во Египет и тоа многу брзо-рече Кери во Каиро. Според каирските медиуми,американскиот државен секретар во разговорите со своите домаќини зборувал и за ситуацијата на Блискиот Исток и посебно во Ирак и Сирија.Според Џон Кери,исламистичките милитанти од групата Исламска држава Ирак и Левантот (ИДИЛ) претставуваат сериозна закана за Ирак,но и за поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа