САД извршија проба на интерконтинентална ракета со дострел од речиси 6.800 километри

Од:

Воено-воздухопловните сили на САД денеска тестираа невооружен проектил способен да носи нуклеарно оружје од класата Mинитмен (Minutmen).

Невооружениот Минитен III меѓуконтинентален балистички проектил (Minuteman III intercontinental ballistic missile) опремен со апарат за спуштање беше лансиран од авио базата Вандерберг во Калифорнија. Проектилот прелета 6.760 километри до место за тестирања на Маршалските Острови.

Проектилот што беше лансиран 49 миниту после полноќ „ја демонстрира готовноста на нуклеарните сили на САД и обезбедува доверба во смртоносноста и ефективноста на застрашувањето на нашите нуклеарни средства“, се вели во соопштение на воено-воздушните сили.

-Пробното лансирање е дел рутинските и периодични активности чија цел е да се демонстрира дека нуклеарното задржување на САД е безбедно, сигурно, надежно и ефективно за одбивање на заканите во 21 век и за сигурноста на нашите сојузници.

Се додава дека воените сили на САД „досега извршиле повеќе од 300 вакви пробни лансирања и овој тест е резултат на тековните светски настани“.

Пробата првично беше закажана за 4 август, но се одложи поради загриженоста од одговорот на Кина на посетата на спикерот во Претставничкот дом, Ненси Пелоси на Тајван, соопшти Си-ен-ен, цитирајќи го Стивен Вилсон, портпарол на Глобалната ударна команда на воено-воздушните сили на САД.

Службено лице тогаш укажа дека одложувањето било „промислен чекор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“