САД истражуваат дали трејдери заработиле стотици милиони долари на шпекулации со цените на нафтата

Од:

Во САД се врши истрага дали трејдери поседувале информации за преговорите меѓу земјите извознички на нафта од ОПЕК+ заработиле стотици милиони долари во незаконски шпекулации на ценовните варијации на нафтата.

Како што јави „Блумберг“ синоќа, истрагата ја врши американската Комисија за трговија со суровински фјучерси (ЦФТЦ), и се фокусира на тоа дали протекла информација за аспектите на стратегијата што членките на ОПЕК+, ја разработиле со Русија минатиот месец.

Поради слични сомнежи, истрага врши и Управата за контрола на исполнување на нормите на поведение на пазарите на Велика Британија (ФЦА), изјави еден од изворите на изданието.

Истрагите се поврзани со наводно незаконски операции кои се направиле пред шокот на нафтените пазари во понеделникот, кога првпат во историјата цената на американската нафта се намали до нула и отиде во минус.

Според изворите, најверојатно се работи за руски, но недржавни играчи. Се дознава дека компаниите во САД кои вршеле типувања на цената на нафтата имале врски со Кремљ. ЦФТЦ главно дознава детаљи за трансакциите правени со договори на „ЦМЕ Груп Инк“ на американската лесна нафта од Западен Тексас (ВТИ) кои истекувале до падот на пазарот во понеделникот.

Претставници на ЦФТЦ и ФЦА не коментираа за изданието.

Би можело да ве интересира

Измамник олесни 75-годишна скопјанка која остана без 10.000 евра

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Нови цени на горивата

Измама во Куманово: Жена остана без 2.000 евра

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Измамник од скопјанка зел речиси 5.000 евра