САД и Велика Британија ја повикаа Русија да ги ослободи уапсените за време на протестите

Од:

САД и Велика Британија ја повикаа Русија да ги ослободи граѓаните, кои беа уапсени во неделата за време на големите антивладини протести, јави ТАСС.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер изјави дека САД силно го осудуваат апсењето на стотици мирни демонстранти во Русија во неделата.

Спајсер го прочита соопштението на Стејт департментот, во кое ги означи апсењата како „кршење на основните демократски вредности“.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека луѓето насекаде заслужуват транспарентна и одговорна влада, како и можност да ги остваруваат своите права без страв од одмазда.

– Велика Британија е загрижена од апсењето на 26 март на стотици руски граѓанани, меѓу кои и новинари и лидерот на опозицијата Алексеј Навални, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

– Руските граѓани ги користеле фундаменталните права на слобода на изразување на своето мислење, на здружување и на мирен собир. Обединетото Кралство ја повикува Владата на Русија да ги ослободи граѓаните, кои беа уапсени за време на мирните демонстрации и да ги почитува меѓународните задолженија, кои Русија ги има согласносно членството во Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, се нагласува во соопштението на Форин офисот.

Во неделата на различни места во Русија се одржаа најмасовните протести од 2011-2012 година. Над илјада лица беа уапсени за време на протестите.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД