САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден 142 милијарди долари

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, де факто владетел, се ракуваа и потпишаа економски договор меѓу САД и Саудиска Арабија.

Договорот вклучуваат енергетска соработка, модернизација на саудиските вооружени сили, судска соработка меѓу Министерството за правда во САД и саудиското судство, помош меѓу царинските власти и соработка меѓу музејот Смитсонијан и саудиските институции.

Ова е еден од првите чекори на претседателот Доналд Трамп при посетата на Саудиска Арабија. Целта на посетата е справување со повеќекратни кризи и конфликти низ регионот. Трамп беше пречекан од престолонаследникот Мохамед бин Салман.

По склучувањето на договорот Трамп и престолонаследникот треба да разговараат за напорите на САД за демонтирање на нуклеарната програма на Иран, како и завршување на војната во Газа, но дополнително и задржување на цените на нафтата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ајатолахот Хамнеи е мртов; „Ги уништивме за еден ден“

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Медал за честа за пилотот кој учествуваше во апсењето на Мадуро

А1он

Зеленски го покани Трамп во Киев: Само ако дојде тука може да разбере кој е агресорот

А1он

Откриен е идентитетот на убиениот на имотот на Трамп: Неговото семејство го прогласи за исчезнат во саботата