САД и Мексико постигнаа договор за превенција на миграцијата од Јужна Америка

Од:

Евентуална трговска војна со САД би предизвикала вистинска економска криза во Мексико, изјави мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард, нагласувајќи дека тоа сепак нема да се случи бидејќи двете земји постигнале договор со кој Мексико Сити се обврзал да ја превенира имиграција од Јужна Америка.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, договорот е постигнат откако Мексико ветил побезбедна северна граница и запирање на карваните со мигранти кои доаѓаат од Јужна Америка кон САД.

Наскоро на границата меѓу Мексико и САД ќе бидат распоредени 6.000 припадници на мексиканската Национална гарда, како засилување на пограничните служби во обидот за справување со мигрантската криза.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со зголемување на увозните царини за стоки произведени во Мексико до 25 отсто, ако земјата не преземе марки за стопирање на илегалната имиграција и не ги засили безбедносните служби на својата северна граница.

Во моментов на мексиканско-американската се наоѓаат околу 25.000 имигранти од Централна и Јужна Америка, кои очекуваат одлуки по нивните барања за егзил во САД.

Сенатот на Мексико неделава треба да го ратификува новиот договор за слободна трговија помеѓу Мексико, САД и Канада.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија