САД и Јужна Кореја почнаа заеднички воени вежби

Од:

САД и Јужна Кореја започнаа заеднички воени вежби под кодното име „Улчи – бранител на слободата“, за кои постои стравување дека можат да ги зголемат тензиите на Корејскиот Полуостров, објави Би-Би-Си.

Маневрите ќе продолжат до 31 август и ќе вклучуваат компјутерски симулации за да се подготват против евентуален напад од Северна Кореја. Тие вклучуваат 50.000 јужнокорејски војници и речиси 17.500 американски војници.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека вежбите се целосно одбранбени и не се наменети да предизвикаат тензии во регионот.

Но, Северна Кореја ги смета за проба за инвазија на нејзинаттериторија. Тамошните медиуми вежбите ги оквалификуваа како „несовесни“ акции, што може да доведат до нуклеарна војна.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија