Американски и јапонски војници започнаа вчера заеднички военовоздухопловни вежби крај бреговите на островот Шикоку.
Од американска страна учествуваат 90 војници и шест авиони ловци ФА-18, четири авиони-ловци Ф-4.
Заедничките вежби беа организирани месец по изборната кампања на конзервативецот Шиндзо Абе, кој не ја крие намерата да ги зацврсти стратешките односи со САД по три години колебања и напнатост при управувањето на левоцентристичката Демократска партија.