САД го виделе рускиот предлог за преговори

Од:

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки денеска потврди дека САД го виделе предлогот на Русија за преговори, и оти за него ќе разговараат со европските соработници и партнери.

– Нема да има разговори за европската безбедност без нашите европски сојузници, изјави таа на прес-конференција.

Русија вчера соопшти дека е подготвена да испрати свој преговарач „во секој момент“ за да почне разговори со САД за безбедносните гаранции што ги бара за да ги намали тензиите околу Украина.

Русија претходно го објави нацрт-договорот со САД и НАТО за безбедносни гаранции.

Главните одредби на документот објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи се исклучување на понатамошното проширување на НАТО и влез на Украина во Алијансата, како и НАТО и САД да не распоредуваат дополнителни трупи и оружје надвор од границите на земјите во кои беа во мај 1997 година (пред пристапувањето на источноевропските земји во НАТО), освен во исклучителни случаи со согласност на Русија и членките на НАТО.

Русија, исто така, бара САД и НАТО да се откажат од сите воени активности на НАТО во Украина, Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и да не распоредуваат ракети со среден и краток дострел од каде што можат да ја погодат територијата на другата страна (Русија).

Москва, исто така, бара НАТО да не спроведува вежби и други активности со формации поголеми од бригадата во договорената погранична зона и редовно да разменува информации за воените вежби, како и да потврдува дека двете страни меѓусебно не се сметаат за противници и дека, во согласност со договорот, сите спорови ќе ги решава по мирен пат и ќе се воздржи од употреба на сила.

Според објавениот договор, страните би се обврзале да не создаваат услови кои другата страна би можела да ги сфати како закана, а би биле отворени телефонски линии за итни контакти.

Нацрт-договорот е направен на руски, англиски и француски јазик.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување