САД го проширија списокот со санкции кон Венецуела

Од:

Владата на Доналд Трамп денеска го прошири списокот со санкции за Венецуела за уште 40 организации и 30 физички лица заради поткопување на демократијата. Меѓу нив се осум венецуелски функционери, вклучувајќи го и братот на починатиот претседател Уго Чавес, Адан Чавес, заради неговата улога во создавањето на новото Уставотворно собрание на Николас Мадуро, пренесе ТАСС.

Новите мерки, што ги соопшти Стејт департментот, предвидуваат замрзнување на сметките на посочените лица од администрацијата на Трамп, забрана за патување во САД и забрана за Американците да имаат бизнис со овие лица и организации.

Вашингтон минатата недела му воведе санкции и на самиот Николас Мадуро, а пред тоа, на 26 јули, вакви казнени мерки воведе и против други 13 Венецуелци.

Би можело да ве интересира

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД