САД го осудија преземањето на власта во Мјанмар од страна на војската

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден е запозанат со апсењето на премиерката на Мјанмар, Анг Сан Су Чи, по извршениот државен удар од страна на војската, соопшти Белата куќа.

– САД се против каков било обид да се измени исходот од неодамнешните избори или да се попречува демократската транзиција на Мјанмар. САД ќе ги преземе сите мерки против одговорните за овие случувања доколку не се смени ситуацијата, порача портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Исто така, Австралија изрази „длабока загриженост поради информациите дека војската повторно се обидува да ја преземе контролата врз Мјанмар“ и побара веднаш да се ослободат незаконско притворените цивилни политички лидери.

Јапонија, пак, соопшти дека внимателно ја набљудува ситуацијата, но моментно не планира да ги повлече своите државјани кои се наоѓаат во Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија