САД го осудија можното воведување смртна казна против продемократските и антивоени активисти во Белорусија

Од:

Режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко изнаоѓа нови начини за закана и казна за своите граѓани со одобрување закони вклучувајќи и примена на смртна казна за продемократските активисти и оние кои се против војната на Русија во Украина, соопштија денеска од од Стејт департментот.

САД ги осудуваат ваквите обиди за поднесување нови амандмани во Кривичниот законик на Белорусија со дозвола да се употреби смртна казна за лица осудени за „намери за вршење тероризам“.

„Режимот на Лукашенко продолжува да репресира со употреба на насилство и овие амандмани на Кривичнот законик се насочени кон продемократските и антивоени движења во Белорусија“, оцени Стејт департментот.

Се вели дека ова се акции на авторитарен лидер кој е во очај да ја задржи власта преку уцени и заплашување.

„САД се восхитуваат на силината и храброста на белорускиот народ кој продолжува да се бори за своите права наспроти бруталниот авторитаризам, често со смртоносни последици за нив. Сепак, тие постојано демонстрираат дека режимот неможе да ги замолчи нивните повици за демократија. Само национален дијалог со инклузивен дијалог на граѓанското општество и демократските движења ќе ја стави Белорусија надвор од тековниот политички безизлез кон иднина на демократија и прогрес“, соопшти Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија