САД го ограничи пристапот во системот за податоци

Од:

Властите во Вашингтон, по скандалот со војникот Менинген го ограничија пристапот во системот за размена на доверливи податоци.

Поранешната службеничка на Стејт департментот, Сузан Сварт, во текот на судската постапка рече дека на тој начин е блокиран и самиот систем, со кој важни податоци би биле достапни на повеќе владини агенции и служби.

Системот за размена на податоци, фукционира од 2006 година со цел да одговори на недостатоците во соработка со агенциите, кои се воочени по терористичките напади од 2001 година.

Воениот суд оваа недела го ослободи Менинген од обвинението за помагање на непријател, но го осуди за останатите кривични дела меѓу кои шпиунажа и кражба на доверливи податоци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски