САД го одбија планот на Нетанјаху

Од:

Иако можеби очекуваше дека реакциите на неговиот план ќе бидат поинакви, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доби „студен туш“ од Вашингтон.

Израелскиот премиер во петокот го претстави планот на израелската влада за повоено управување со Газа, наведувајќи низа контроверзни предлози првично отфрлени од Палестинците.

Освен кај Палестинците, се чини дека планот не им падна добро ниту на Соединетите Американски Држави.

Портпаролот на Белата куќа рече дека администрацијата на Бајден е постојано јасна со Израел за тоа што би сакал да види во Газа по завршувањето на војната. Говорејќи на брифинг со новинарите, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, исто така истакна дека палестинскиот народ треба да има глас преку ревитализираната палестинска управа.

„Вашингтон беше јасен за тоа што е потребно. Рековме дека Америка не верува во намалување на Газа и не сакаме да видиме какво било принудно раселување на Палестинците надвор од Газа и секако не сакаме Газа да биде доминирана од оние кои владее преку Хамас“, рече тој.

Она што е веќе познато е дека Вашингтон се залага за реформа на палестинската држава, која веднаш по војната би го презела управувањето со Газа, што Израел го отфрли.

Меѓународната заедница, исто така, врши притисок палестинските власти да почнат да управуваат со Газа, имајќи предвид дека тие веќе имаат одредена инфраструктура за тоа.

Дека планот на Нетанјаху наиде на „црвено светло“ во Вашингтон сведочи и изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој рече дека Вашингтон е против каква било повторна окупација на Газа по војната, што се чини неизбежно од израелскиот предлог.

„Газа не може да биде платформа за тероризам. Таму не треба да има друга израелска окупација. Големината на територијата на Газа не треба да се намалува“, рече Блинкен.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас