САД го намалува военото присуство во Авганистан

Од:

САД на почетокот на идната година ќе го намали военото присуство во Авганистан на 2.500 војници, изјави советникот на американскиот претседателза национална безбедност Роберт О’Брајен.

Според договорот од 29 февруари помеѓу САД и талибанците,американските војици треба да заминат од Авганистан до мај 2021 година,а талибанците треба да ги запрат терористичките напади, а потоа да се договорат со Владата во Кабул за поделба на власта.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од годината најави дека до ноември ќе бидат повлечени од 4.000 до 5.000 војници.

– Кога претседателот Трамп стапи на должност во Авганистан имавме околу 10.000 војници. Сега се околу 5.000, а на почетокот на идната година ќе бидат 2.500, посочи О’Брајен.

Војната во Авганистан е најдолга што САД ја воделе во странство, во која загинаа околу 2.400 американски војници, а илјадници се повредени.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот