Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови, соопшти денеска Стејт департментот, наведувајќи го зголемениот број авиокомпании кои ги откажуваат летовите и земјите го затвораат својот воздушен простор за Русија по нејзината инвазија врз Украина.
„Американските граѓани треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија преку комерцијални опции кои се уште се достапни“, се вели во безбедносното предупредување од 27 февруари на веб-страницата на американската амбасада во Москва.