САД ги повикаа ОН да ја истражат употребата на ирански беспилотни летала во Украина

Од:

САД побараа од Советот за безбедност на Обединетите нации да ги истражи наводите дека Русија користи ирански беспилотни летала во војната против Украина.

„ОН мора да истражат какво било прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и не смееме да дозволиме Русија или други да ги попречуваат или да им се закануваат на ОН во извршувањето на нивните мандатни должности“, рече американскиот амбасадор во ОН Џефри Делаурентис на седницата на Советот за безбедност.

Велика Британија, Франција и Германија претходно испратија слични барања до ОН. Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја, пак, на состанокот на Советот за безбедност ова го опиша како „безобразна ситуација“, повторно отфрлајќи ги тврдењата дека иранските беспилотни летала се користат во војната против Украина и ги предупреди ОН да не отвораат истрага.

– Ако има истрага, Русија ќе мора да размисли за соработката со ОН, рече Небензја, повторувајќи ја сличната изјава на неговиот заменик Дмитриј Полјански пред неколку дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ